Македонија
25. August 2016 - 11:32

Без струја во петок делови од Скопје и неколку села

Поради технички зафати во електро - мрежата, без електрична енергија утре од 09:00 до 09:30 часот ќе останат корисниците од ЖТП Кадина Река, дел од станица Зелениково, с.Смесница, с.Страхојадица, с.Ново Село с.Пакошево (општина Зелениково), а од 08:45 до 10:30 часот корисниците од ул.„Црвена армија“ зграда бр.10 (општина Ѓ.Петров), соопшти РЦУК на Град Скопје.

Без струја во перидот 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ОУ „Димитар Поп Ѓорѓиев-Беровски“, дел од улиците „Социјалистичка зора“, „Ѓуро Салај“, „Алекса Демниевски“, „Струмјани“, „Даутица“. (Општина Ѓ.Петров), од 09:45 до 11:45 часот корисниците на дел од улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Вашингтонска“, „Ѓорѓи Пенков“ (општина Ш.Оризари), а од 10:30 до 12:00 часот корисниците од ул.„Истарска“ бр.15 (општина Центар).

Електрична енергија во време од 10:30 до 12:00 часот ќе останат и корисниците од с.Ново Село (општина Аеродром), од 08:30 до 10:30 часот корисниците на дел од ул.„Благоја Стефковски“ (општина Г.Баба), од 09:00 до 10:0 часот корисниците од ул.„23 Октомври“ бр.18 в (општина Аеродром), како и од ул. „50-та Дивизија“ бр.33-а (општина Центар).

Од 12:30 до 15:00 часот, струја ќе немаат корисниците од ул.„Тодор Чангов“ подулици бр.21 и 46 (општина Аеродром), од 08:15 до 15:30 часот корисниците од Стопански двор подулица бр.51 ресторан Панорама, дел од Стопански двор подулица бр.51, а од 11:30 до 12:00 часот корисниците од ЖТП Кадина Река, дел од станица Зелениково, с.Смесница, с.Страхојадица, с.Ново Село с. Пакошево (општина Зелениково).