Македонија
29. January 2017 - 12:59

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 10:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Иван Цанкар“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 9 до 10 часот ќе останат и корисниците од улицата „Мице Козар“ во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 13 часот корисниците од село Грчец, во општина Сарај.