Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од стопанските објекти во индустриската зона Илинден, во општина Илинден.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.
Без струја од 11:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Питу Гули“, поточно непарните куќни броеви од бр.19 па нагоре, во општина Центар.
Од 06:30 до 07:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од населба Љубош во село Батинци, во општина Студеничани.
Без струја од 08:30 до 11:30 часот ќе бидат корисниците од улица 1 и улица 6 во село Долно Соње, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од улица 1 во село Добри Дол и од 12:00 до 14:30 часот корисниците од улица 1 во село Чифлик - Барово, во општина Сопиште.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
