Без струја утре делови од Кисела Вода и Зелениково
Без електрична енергија утре од 06:30 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населба Драчево, делот кај ТИПО, делот кон село Долно Лисиче, село Долно Лисиче и железничката станица во населба Драчево, во општините Кисела Вода и Аеродром.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Наум Охридски“ и „Благоја Гојан“, во општина Кисела Вода.
Без струја од 10:00 до 11:30 часот ќе останат дел од викендици Орешани, село Таор, предавател на Космофон во село Таор, ЖТП „Јане Сандански“, водоводна пумпа Вардар во село Таор, пумпна станица во село Орешани, село Зелениково – Слобода и пумпна станица, село Морани - викендици, населба Јане Сандански 2, село Орешани- Христови Инжинеринг, фирма „Бујото“, дел од село Орешани, село Морани-млекара „Маско Комерц“ во населба Јане Сандански, во општина Зелениково.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот