Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров

Без струја утре ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН.
-На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт; во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица „Божидар Рајковиќ“ (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. „Горноврановска“ (општина Аеродром) и во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. Горно Лисиче (општина Аеродром), се наведува во соопштението на РЦУК.
Исто така во периодот од 08.10 до 16.00 часот, ќе немаат електрична енергија корисниците на ул. „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшкоци“, „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров.
МИА
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
