Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба

Без струја утре ќе бидат дел од општините Центар и Карпош, додека без вода дел од Центар и Гази Баба.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Тетовска“ во Центар, а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП - линија 57, во населбата Нерези во Карпош.
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Крагуевачка“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“, „Беджих Сметана“ и „Миладин Поповиќ“ во Карпош.
Од РЦУК соопштија дека по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф- 80 мм на улицата „Коле Неделковски“ бр. 32, утре од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и улицата „Стефан Јакимов- Дедов“ во Центар.
Поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата „Јани Лукровски“ бр. 2, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „16-та Македонска Бригада“ и „Трифун Хаџијанев“ во Гази Баба.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
