Без договор завршија и последните преговори меѓу Северна и Јужна Кореја
Без никаков конкретен резултат минаа и последните преговори меѓу Јужна и Северна Кореја, што се одржаа на 11 и 12 декември во Кесон, се наведува во денешното соопштение на Корејската централна телеграфска агенција (КЦТА), пренесено од ТАСС.
Ако се суди според соопштението, севернокорејската страна на преговорите излегла „со конструктивен предлог во најкратки рокови да се надминат проблемите со обновувањето на туристичките патувања на Јужнокорејците до зоната за одмор Камгансан, собирањето на семејствата кои се разделени уште од Корејската војна 1950-1953 година, како и да се активира невладината размена во различни области.
Но, подвлекува КЦТА, „јужнокорејската страна одби да ги разгледува клучните проблеми, вклучувајќи го и обновувањето на туристичките патувања во Камгансан и на овој начин преговорите ги однесе во ќорсокак“.
Дописникот на ТАСС од Сеул јави дека по завршувањето на разговорите не била дадена заедничка изјава и не бил утврден ниту нов датум за консултации.
На средбата учествуваа јужнокорејскиот заменик министер за прашањата на националното обединување Хуан Бу-ги и заменик директорот на секретаријатот на Комитетот за мирно обединување на Северна Кореја, Чон Џон-су.
Хуан изјави дека на преговорите јужнокорејската страна се обидела да постигне спогодба за проблемот со разделените семејства од Корејската војна. Но, Северот ова прашање го условил со неопходноста од рестарт на заедничкиот туристички проект во планините Камгансан. Хуан посочи дека условувањето на двете прашање е неприфатливо, како и дека Сеул предложил одделни консултации за обновување на патувањата на Јужнокорејците во Камгансан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес