Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.
Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година.
- Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината, изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата
-

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Бројот на жртвите од земјотреси во Венецуела надмина 6.500 луѓе
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
