Бесими: Засега нема потреба од ребаланс на Буџетот
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Буџетот е во добра кондиција и затоа не очекува наскоро да има ребаланс.
-Сега за сега се оди според планот во однос на приходите и во однос на расходите и мислам дека ќе продолжиме така како што е планирано во Буџетот, изјави Бесими во одговор на новинарско прашање пред презентација на Извештајот од петтиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија усвоен од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа.
Прашан дали Владата ќе предложи да се пролонгира враќањето на ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто што треба да стапи на сила од 1 јули годинава, Бесими рече дека во Буџетот се обезбедени средства за поддршка на најранливите потрошувачи.
-Како Влада ги разгледуваме сите можни варијанти и опции во однос на антикризните мерки и гледаме мерките да бидат поефикасни и поефективни. Од 2020 година досега имаме интервенирано со две милијарди евра. Тоа се околу 13 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). И во текот на оваа година ќе продолжиме со таргетирани мерки за поддршка на граѓаните и стопанството зашто треба да го менаџираме Буџетот во однос на дефицитот и во однос на јавниот долг, рече Бесими и додаде дека со одредени мерки ќе им се излезе во пресрет на најзагрозените.
Владата, како што посочи, за годинава има одвоено 225 милиони евра за антикризни мерки или околу 1,5 отсто од БДП.
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот