Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март
Веќе почнаа да се гласа за законите од четвртиот и од петтиот сет на економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните од пандемијата со коронавирусот, а со амандманско решение на компаниите им се дава можност до 15 април да аплицираат за мерката за поддршка на платите на вработените за февруари и за март, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
– Со цел да се намалат административните постапки во однос на реализација на мерката, сега фирмите може да аплицираат со една апликација за двата месеца. Со тоа сметаме дека ќе може да се реализира мерката затоа што институциите и УЈП се спремни за да ја реализираат веднаш откако ќе биде донесена од Собранието, рече Бесими во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
За тврдењето на опозицијата дека власта ги зголемила акцизите на нафтените деривати за да го полни Буџетот, Бесими рече дека акцизните стоки се само еден дел од буџетските приходи.
– Реализацијата на Буџетот не се заснова само на акцизните стоки, туку генерално во сите ставки на страната на приходите на Буџетот и кај сите даноци и кај придонесите, вклучително на тоа и увозните давачки и акцизите, прецизира Бесими.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот