Беше во врска со малолетничка, трагично загуби две деца: Детали од животот на Принс кои не ги знаевте

Музичарот Принц кој почина во 57-та година имаше повеќе од впечатлив живот.
Се женеше два пати, а со својата прва сопруга, танчарката Мајте Гарсија беше во врска додека беше уште малолетничка.
Се вљуби во неа кога имаше само 16 години, а тој имаше 32. Четири години се забавуваа, а потоа се венчаа.
Таа раскажуваше за својата љубовна романса со музичката ѕвезда.
-Кога се запознавме јас бев девица и никога до тогаш немав врска со некој. Секогаш бев фокусирана танчарка и добро заштитена. Во Принц се вљубив за првпат, но ништо сериозно не правевме додека не наполнив 18 години. Тој многу ме почитуваше Се сеќавам на нашиот прв бакнеж и си помислив: Господе, ова не се случува! Се сеќавам дека беше малку чудно. Цел живот со него беше прекрасен и нестварен, ми покажа многу неверојатни работи и ме запозна со неверојатни луѓе – рече Мајте на која Принц и го посвети својот хит „The Most Beautiful Girl In The World“.
Сите песни кои ги пишуваше за мене беа тешки за следење. Бев во врска со неколку музичари, кои пишуваа песни за мене, а јас им велев: Сериозно, не се обидувајте. Не можете да се натпреварувате со него – рече таа.

За жал Принц и Мајте трагично загубија две деца. Нивниот прв син почина од ретка болест на черепот. А кога Мајте беше по втор пат бремена, имаше спонтан абортус.
Парот се разведе во 2000 година, а Мајте и после тоа имаше само убави зборови за него.
-Секогаш ќе го сакам, тој беше татко на моите деца – наведе Мајте.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
