-->
-->
„Беше многу тешко, силниот дожд ги поплави куќите“ - Силно невреме ја зафати Македонија
-->

Силно невреме проследено со грмотевици, пороен дожд и град синоќа околу 20 часот ја зафати општина Долнени. За кусо време невремето поплави куќи, а градот уништи површини со тутун и жито.
Според Центарот за управување со кризи од Прилеп и градоначалоникот на Долнени, Боше Милошески, најпогодени се селата Лажани каде беа поплавени 10-ина куќи и селото Кошино.
- Беше многу тешко. Силниот дожд ги поплави куќите. Месното население со свои пумпи и Противпожарната единица од Прилеп до раните утрински часови ја испумпуваа водата од домовите на жителите. Освен тоа, градот уништи површини со тутун и жито во селата Лажани и Кошино. Се уште не знаеме каква е ситуацијата во другите села. Комисија од рано изутрината е на теренот да ги утврди штетите, вели градоначалникот на Долнени, Боше Милошески.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека силното невреме синоќа предизвика поплави, но и прекин на електричната енергија.
- Беа поплавени дестина куќи во селото Лажани. Најпогодена беше една продавница во селото која речиси целосно беше под вода. Поради силните грмотевици, синоќа 80 отсто од целата општина Долнени остана без напојување со електрична енергија, вели Илко Петкоски од Центарот за управување со кризи од Прилеп.
Денеска на теренот ќе се утврдуваат последиците од силното невреме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
