Македонија
1. October 2023 - 17:52

Беса нема да гласа за уставни измени наведување и на албанскиот јазик - од партијата бараат член во ДИК наместо АА

Беса нема да гласа за уставни измени ако и во иднина употребата на албанскиот јазик е условена со 20 отсто од граѓаните кои го говорат. Ова во интервју за Радио слободна Европа го изјави претседателот на партијата и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Иако барањето за бришење на формулацијата 20 отсто  и официјално го доставиле, сепак вели Касами, власта досега не го испратила до Собранието. Оценуваат дека таквата постапка укажувала дека власта повеќе ја интересира да остане на власт отколку да ги донесе уставните измени.

Касами најави дека на претстојните претедателски избори, албанската опозиција ќе има свој кандидат. Во Беса не размислуваат за предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели Касами, на претходните избори се покажало општеството не е подготвено за таков тип здружување.

Во меѓувреме, Беса побара албанската опозиција да добие свој член во Државанта изборна комисија. Пратеникот Зендели ја повика Алијанса за албанците да ја напушти комисијата бидејќи партијата е веќе дел од владејачката коалиција.