Берово го доби првото новороденче во 2019 година
Првороденото дете во Берово за 2019 година е машко, што според Беровци навестува богата и бериќетна година.
Четири часа по полноќ, на 6 јануари, во Здравствениот дом во Берово, мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.
-Бебето е родено со тежина од 2 килограми и 550 грама и со должина од 48 сантиметри. Тоа е родено точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос, што навестува бериќет и плодна година за Берово, информираат од Здравствен дом Берово.
Како награда за првородено дете на територијата на Општина Берово во новата 2019 година, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски од Буџетот на општината ќе одвои шест илјади денари.
-На мајката Јулија и честитам за нејзината рожба, а на новороденчето му посакувам, пред се добро здравје, многу среќа и долг живот. Приликата ја користам на младите да им порачам, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства, истакна Пекевски.
За новороденчињата кои беа родени во изминатата 2018 година, општината од Буџетот издвоила финансиска поддршка во висина од над 100 илјади денари. Како што најавија од општината оваа поддршка ќе продолжи и во текот на оваа година.
Ново на Сител
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО