-->
-->
Берлин од новата Влада очекува да ги спроведе реформите
-->
Германската влада очекува новата Влада да ги спроведе реформите коишто се очекуваат од Македонија, а Германија како партнер ќе помогне во тој процес, е пораката од Берлин до официјално Скопје по изборот на новата Влада.
- Го поздравуваме изборот на новата Влада во поранешната југословенска Република Македонија. Сега е време да се спроведат реформите. Германија е подготвена да помогне како партнер, се вели во реакцијата за најновите настани во Македонија.
Кратката порака со која Берлин го поздрави формирањето и изборот на новата влада и најави партнерска помош е објавена на профилот на германското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Твитер, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз