Берлин: ЕУ ќе ги прекине преговорите со Турција ако биде воведена смртна казна
Доколку Турција воведе смртна казна, тоа ќе доведе до прекин на преговорите за членство на земјата во ЕУ, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
- Нашата позиција по тоа прашање е јасна: земја која применува смртна казна не може да биде членка на ЕУ и тоа би значело крај на преговорите, истакна Зајберт.
Прашањето за повторно воведување на смртна казна во Турција е покренато по неуспешниот обид за воен преврат во јули оваа година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати напоменуваше дека предлог-законот за смртна казна може да биде ставен на разгледување од Парламентот, но не нагласи кога може тоа да се случи.
- Властите во Германија уште еднаш изразија загриженост во врска со мерките против новинари во Турција, изјави германскиот портпарол, коментирајќи го апсењето на главниот уредник на весникот „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу.
Тој додаде дека „слободата на медиумите за Германија претставува главен услов за секоја демократска држава“.
Ново на Сител
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари