Балкан
25. November 2016 - 13:48

Берлин бара ЕУ и Турција да го почитуваат договорот за бегалците

Европската Унија и Турција имаат заеднички интерес да го почитуваат догоорот што успеа да го намали бројот на бегалци во Унијата, порача денеска официјален Берлин.

- Ако се гледаат фактите, тогаш во случајот двете страни се држат до договорот и се надеваме дека така и ќе остане затоа што тоа е во интерес на двете страни, изјави денеска портпаролката на германското министерство за надворешни работи Савзан Чебли.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, односите ЕУ-Турција повторно се вжештија откако Европскиот парламент вчера одлучи да побара привремено запирање преговорите за влез на АНкара во Унијата, а турските власти се заканија дека може да ги отворат своите граници за мигрантите кои се на нејзина територија и тие да тргнат кон Европа.

Германија прими над 1,2 милиони бегалци во последниве 18 месеци, од кои најголем дел во ЕУ пристигнале преку „балканската рута“ од Турција.