Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Од 00:01 часот на 15 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, исто така, поскапува за 3,50 денари и ќе чини 102,50 денари за литар.
За разлика од бензините, дизелот поевтинува за два денари. Новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 99 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по цена од 48,243 денари за килограм.
Според РКЕ, со новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука.
Кај дизелот е применета повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно одлуката на Владата од 13 септември, а продолжува и примената на намалената акциза кај бензините и дизелот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
