-->
-->
Бензините и дизелот поскапуваат, ова се новите цени
-->
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – вечерва на полноќ горивата поскапуваат.
Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат за 2.28 проценти.
Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1 денар, и еден литар од овие горива ќе чини 62.00 односно 63.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 1 денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 48.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата