-->
-->
Бензема зад решетки
-->
Фудбалерот на Реал Мадрид и член на француската фудбалска селекција Карим Бензема ја помина ноќта во притвор во просториите на судската полиција во Версај, по што изутринава беше изведен пред суд.
Повикан на сослушување од средата изутрината, напаѓачот на француската фудбалска селекција ја помина ноќта во полицијата по што денес е изведен пред суд, поради признавањето дека е вмешан во аферата со уцената со „секс снимка“ на неговиот репрезентативен колега Матји Валбуена.
Полицајците од Версај од бригадата за репресија на vандитизмот, го сослушаа центарфорот на Реал Мадрид во рамките на истрагата за уцената на која беше жртва напаѓачот на Олимпик Лион. Ова, откако неговото име се појави во долгата истрага и телефонските прислушувања на тројцата главни протагонисти во аферата, кои се обидоа да изнудат 150.000 евра од Валбуена.
Сите тројца обвинети се со потекло од Марсеј, каде што Валбуена играше се до минатата сезона. Во телефонските прислушувања, тројцата главни осомничени ја споменале „интервенцијата“ на Бензема кај неговиот соиграч од репрезентацијата на Франција, со цел да попушти пред уцената.
Според француските медиуми Бензема признал пред истражните органи дека „интервенирал“ во оваа афера.
Претходно во оваа афера беше сослушан друг фудбалер, Џибрил Сисе по што беше ослободен.
Станува збор за една интимна видео снимка на Валбуена со една девојка, која била пронајдена од тројцата осомничени на стар смартфон на фудбалерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција