-->
-->
Бентеке во Ливерпул
-->

Белгискиот фудбалски репрезентативец напаѓач Кристиан Бентеке и официјално премина од Астон Вила во далеку потрофејниот англиски премиерлигаш Ливерпул.
Кристиан Бентеке во следните 48 часа ќе ги мине медицинските прегледи, кои ќе ги спроведат лекарите на „редсите“ кои ќе се вратат на Острово оф турнејата, а потоа ќе потпише за Ливерпул. Сепак, како што дознава BBC Sport, 24-годишниот белгиски репрезентативец нема да му се приклучи на новиот клуб кој во моментов е на турнеја во Австралија.
Како што во неделата тврди SkySport, отштетата за црномурестиот напаѓач на белгиската репрезентација изнесува 32,5 милиони фунти.
Бентеке настапуваше за белгиските клубови Мехелен, Кортријк и Стандард, а во Астон Вила, во чиј дрес одигра 101 натпревар на кој постигна 49 голови во 2012 година дојде од Генк за сума од 7 милиони фунти.
Ливерпул трансферот на Белгиецот го оствари со парите заработени од продажбата на Рахим Стерлинг на ривалот Манчестер Сити, за рекордни 49 милиони фунти.
Бентеке, кој имаше уште две години од договорот со Астон Вила, минатата сезона на 12 лигашки мечеви постигна 12 голови, со што му помогна на тимот да го избегне испаѓањето од најсилната англиска лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
