Белградски медиуми: Хојт Брајан Ји амбасадор на САД во Македонија?

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји можеби ќе биде идниот амбасадор на САД во Македонија, објавија денеска повеќето белградски медиуми.
Тие ја пренесуваат веста на Радио Глас на Америка, според која меѓу останатото на прашањето за можноста да биде иден амбасадор на САД во Скопје, Хојт Ји не сакал ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа шпекулација.
Тој претходно, како што пренесе МИА, изјави дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение.
- Има уште многу работа да се заврши и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега, истакнал заменик-помошникот американски државен секретар во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.
Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот во НАТО.
Ново на Сител
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
