Белград повеќе нема да реагира на изјавите на хрватските функционери

Официјален Белград соопшти дека повеќе нема да одговара на изјавите на хрватските функционери, во обид да се запре препукувањето меѓу двете соседни земји.
- Српските министри од денеска ќе се воздржуваат да реагираат на изјавите од Хрватска и од тамошните функционери. Не затоа што тие се големи, а ние сме мали, или затоа што ние се плашиме од нив, туку затоа што сакаме да се престане со политиката, со која сакаат Хрватска и Србија да ги прикажат како две недораснати и незрели држави кои играат меѓусебе пинг-понг, изјавил во Белград српскиот премиер Александар Вучиќ.
Неговата изјава доаѓа по реакцијата на актуелниот хрватски министер за надворешни работи Миро Ковач во која тој ја осудува изјавата на Вучиќ, дадена на одбележувањето на усташките злосторства од Втората светска војна, одржано минатата недела во Република Српска, во БиХ.
Српскиот премиер како и неколкумина владини министри бараат од Загреб да се „откаже од усташкото минато„ на што министерот Ковач порача дека Хрватска (во иднина) ќе биде „строга и чесна„ кон Србија, но и дека за да се гради добрососедство, треба да се измени и сегашната (српска) реторика.
Актуелната ситуација на затегнати односи меѓу Белград и Загреб ќе предизвика Вучиќ да не ја прифати поканата на премиерот на Хрватска, Тихомир Орешковиќ за учество на Форумот во Дубровник, што почнува во четврток, посветен на јакнењето на Европа и поврзувањето на Северот и Југот, пишуваат белградските медиуми.
Медиумите ја пренесуваат изјавата на премиерот Вучиќ за тоа дека „најверојатно нема да патува во Дубровник„ објаснувајќи дека не гледа што битно би можело да се направи.
Претходно загрепски „Вечерњи Лист“ јави дека Вучиќ ја прифатил поканата на Орешковиќ.
Ново на Сител
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
