Белгиски суд решава за екстардиција на Пуџдемон на Шпанија

Претседателот на разрешената каталонска Влада, Карлес Пуџдемон и уште четворица членови нанеговиот регионален Кабинет, претпладнево ќе се појават пред белгиски судија.
Судијата треба да одлучи дали поранешниот Пуџдемон и неговите приврзаници ќе бидат предадени на Шпанија, која издаде наредба за нивно апсење.
Во исто време, шпанскиот Врховен суд денеска треба да одлучи дали да ослободи од притвор со кауција десетмината каталонски сепаратистички лидери, кои беа затворени за организирање на референдумот за независност на 1 октомври, кој Мадрид го забрани.
Оваа одлука се чека со големо внимание затоа што се очекува „репресиите“ на шпанската држава, чии жртви се овие „политички затвореници“, да бидат главна тема на политичкиот блок кој сака независност на Каталонија во кампањата за регионалните избори што почнува денеска.
Регионалните избори во Каталонија ќе се одржат на 21 декември.
Ново на Сител
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
