Белгиската полиција ќе „патролира“ на интернет исто како во реалноста

Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон изјави оти е неопходно полицијата да го следи интернетот, на истиот начин како што го обезбедува редот во јавниот живот.
Тој најави дека во текот на наредната недела ќе биде зголемен бројот на полицајци, кои се занимаваат со следење на случувањата на глобалната мрежата.
За таа цел е формирана посебна полициска екипа која ги следи активностите на екстремистите и можните терористи на социјалните мрежи.
Како што јави БТА, досега биле откриени над 400 опасни профили на социјалните мрежи, чии сопственици се педофили или лица кои повикуваат на насилство.
Најавата на Јамбон за проширување на надлежностите на полицијата со истражување на интернет доаѓа по убиството на Белгиецот со турско потекло, кој беше една од жртвите на нападот што се случи на новогодишната ноќ во Истанбул.
Белгиските медиуми јавија и дека на ниво на ЕУ исто така, ќе биде создадена полициска екипа која ќе ги следи случувањата на интерент.
Ново на Сител
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
