-->
-->
Белата куќа предложи зголемување на воениот буџет за девет отсто
-->

Американската Влада за следната година предложи зголемување од девет отсто на воениот буџет, односно за 54 милијарди долари, како и намалување на финансирањето на меѓународната помош и буџетот на многу служби, меѓу кои и Агенцијата за заштита на животната средина.
Белата куќа соопшти дека ќе бидат намалени буџетите на сите министерства, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со безбедносните служби, а „значително“ ќе биде намалена и меѓународната помош за странство.
Претседателот на САД, Доналд Трамп минатиот петок најави зголемување на воениот буџет, ветувајќи едно од „најголемите зајакнувања на американската војска во историјата“.
Конечниот предлог на Трамп за државниот буџет за 2018 година се очекува кон средината на следниот месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
