Белата куќа ги објави клучните точки од новата стратегија на Трамп за Иран

- САД ќе се спротиставуваат на дестабилизирачкото влијание на Техеран со цел да ја запрат неговата агресивност со помош на поголем број земји од регионот, се наведува во соопштението од Белата куќа за новата стратегија на претседателот Доналд Трамп за Иран.
Исто така САД ќе побараат од меѓународната заедница да се обедине во вршењето на притисок врз елитните ирански вооружени сили - Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Новата стратегија содржи три клучни цели: корекција на нуклеарниот договор со што ќе биде отежнато производството на оружје на Иран, неутрализирање на програмата за балистички ракети и спротиставување на иранските акции, кои според Вашингтон придонесуваат за нестабилност на Блискиот Исток.
- Време е целиот свет да ни се приклучи во обидите да ги спречиме иранските власти да тежнеат кон смрт и уништување, истакна Трамп кој во текот на денот, според најавите, ќе ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран и ќе ја претстави новата стратегија
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
