Бела куќа: Ако не ја поддржиме Украина, цената ќе биде уште поголема
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека доколку САД не ја поддржат Украина во борбата против Русија, тоа ќе предизвика голема штета на американските економски и безбедносни интереси.
-Ако (рускиот претседател Владимир) Путин ја освои Украина, тој стои на прагот на НАТО.
И како што реков пред некој ден, ако мислите дека цената за поддршка на Украина е висока сега, размислете колку ќе биде не само во пари, туку и во американска крв, ако треба да почнеме да постапуваме по нашите обврски од член пет, рече Кирби на брифингот со новинарите.
Членот пет од Северноатлантскиот договор бара од земјите-членки да ги сметаат вооружените напади врз која било земја-членка како напади врз целата Алијанса и да обезбедат итна воена помош.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка