Бектеши: Сигурно ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи
– Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје“.
Нагласи дека е сигурно оти ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи на регулираниот пазар.
-Веќе се обезбедени средства за тоа, а вчера помина и акцискиот план со поддршка на Европската Унија. Очекуваме кон средината на јануари да ги добиеме и средствата од ЕУ со кои ќе можеме директно да ги помогнеме микро и малите компании. Во делот на домаќинствата, граѓаните кои трошат помалку ќе плаќаат помалку, а оние кои трошат непотребно и имаат простор да трошат, ќе плаќаат повеќе и такви ќе бидат и цените, прецизира Бектеши.
Носењето на конечната одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари, како што кажа, е работа на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) која веќе ги прави пресметките.
-Не сакам да кажам дека не ги знам податоците, но не би сакал пред РКЕ да излезам со конечните податоци. Секако дека ги знаеме и јас и премиерот и други членови на Владата, појасни Бектеши.
Ново на Сител
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн