Македонија
10. December 2025 - 16:35

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши не потпишал ниту една лиценца за дискотеката Пулс, други вработени го користеле неговиот факсимил, а една лиценца е издадена и дури тој бил на службено патување, тврдеше неговата одбрана во воведните зборови во денешното рочиште за трагедијата Пулс.

Ова се однесува на перидот од 2018-2022 година, за кога и го товари Обвинителството.

Ваљон Сарачини пак, кој раководеше со министерството за економија пред нешто повеќе од 10 години, во 2012 издал лиценца за работа, но не за Пулс туку за сосема друг објект, на друга локација, друго правно лице, затоа неговите адвокати велат дека обвинението против него е неосновано.

И поранешните директори на ДЗС се оградија од одговорност, немале надлежност ниту моќ да распоредуваат инспектори ниту да влијаат врз нив.

Шабан Салиу иако долги години раководеше до ДЗС не знаел дека постои објектот, а Дирекцијата за заштита и спасување вели не била детективска служба да бара нелегални и нерегистрирани објекти низ Македонија. Поранешниот директор на ДЗС пак кажа дека совеста му е чиста, работел во нефункционална институција која сакал да ја подобри.

И другите двајца екс директори на дирекцијата се оградија од одговорност и ингеренции за случајот.

Службеникот во економија пак кој е обвинет дека примал мито, во воведните зборови кажа дека тоа било позајмица.