Бектеши ќе и предложи на Владата замрзнување на цената на дополнителни продукти
Со одлука на Владата попладне ќе бидат замрзнати цените и на дополнителни продукти, покрај на основните прехранбени за кои од пред три дена е забрането покачување на цената. Со одлуката ќе бидат опфатени лимони, портокали и други проозводи, откако имаше поплаки од граѓаните дека се значително поскапени откако настана кризата со коронавирусот.
-На седница на Владата вечерва ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки и продукти каде ќе бидат вклучени и продуктите, како лимонот и портокалот, рече министерот за економија Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на прес-конференција.
Претходно, со одлуката на Владата беа замрзнати цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства. Тие се замрзнуваат на состојбата на која тие биле на денот кога коронавирусот беше прогласен за пандемија од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Отстапка од тоа ќе се прави само за производите за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.
Како што објави денеска Бектеши, на бесплатна телефонска линија 191 од понеделник ќе може да се пријавува ако не се почитуваат владините одлуки за зголемени цени на храна и средства за дезинфекција, како и за затворање на рестораните, кафулињата и ноќните клубови.
Бектеши воедно апелираше до работодавачите да не ги отпуштат работниците и истакна дека Владата подготвува втор пакет мерки за помош на стопанството.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда