Бектеши: Енергетскиот сектор во нашата држава е стабилен, така и ќе продолжи
Нема да се остварат најавувањата и очекувањата на таканаречените енергетски експерти во нашата држава и нема да се случи такво зголемување на цената на електричната енергија, дури можеби во одредени случаи ќе има и намалување на нејзината цена со цел да излеземе во пресрет на граѓаните и на малите потрошувачи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Енергетскиот сектор во нашата држава е стабилен, така и ќе продолжи и оваа криза нема да биде на товар на граѓаните во делот на снабдување со топлинска и електрична енергија. Значи, нема да се остварат најавувањата на „енергетските експерти“ што излегуваат на телевизија, а да не зборувам за опозицијата, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Словенечко – македонскиот форум за економска соработка.
Нагласи дека нема право да ја каже цената на електричната енергија што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, бидејќи се носи на затворена седница на Влада.
-Но, можам да дадам насока како ќе се движи. Има тендерска постапка во која одредена компанија, во овој случај ЕСМ треба да даде понуда… За да им излеземе во пресрет на граѓаните посебно на тие коишто имаат најмногу потреба, на малите потрошувачи, на микро и малите потрошувачи, таму веќе најавив дека ќе има најверојатно намалување на цената на електрична енергија, потенцира Бектеши.
Истакна дека денеска ќе се случи спојување меѓу ГАМА и Национални енергетски ресурси – НЕР со кое ќе се формира нов правен субјект, ново трговско друштво кое, како што рече, во иднина ќе го развие системот на гасификација во нашата држава со што ќе стане уште понезависна во делот на снабдување со природен гас.
-Целиот систем на гасификација ќе биде во сопственост на граѓаните преку новата компанија. Заради тоа што во ГАМА 50 отсто беше сопственик Макпетрол, 50 отсто беше државата, донесовме легспецијалис закон во Собрание со што ги купивме сите акции од Макпетрол и требаше да помине процедура за да се спојат овие компании. НЕР е за изградба на инфраструктура, ГАМА беше во делот на преносот на природен гас, сега ќе биде една компанија која ќе биде многу поуспешна, профитабилна и секако дека ќе влијае на независноста на државата во снабдувањето со природен гас, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
