Бекиќ: За колективен имунитет потребно е уште милион вакцинирани, расте интересот за трета доза

Координаторот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, денеска изјави дека заклучно со петокот, 120 000 граѓани се вакцинирани со третата доза од вакцината против коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.
Бекиќ за РТС изјави дека интересот на граѓаните за вакцинација со третата доза е „видно зголемен”, но и дека на дневно ниво не се вакцинираат доволно луѓе, како и да апелите не вродиле со плод.
Тој оцени дека за колективен имунитет треба да се вакцинираат „уште најмалку еден милион луѓе”.
– Сите луѓе кои се во голем број на контакти-војската, полицијата, државната администрација, просветните работници, исто така се во групата за која се размислува за задолжителна вакцинација, бидејќи на тој начин од 50 отсто од вакцинирани граѓани ќе скокнеме на можеби 70 отсто и ќе се доближиме до колективниот имунитет, изјави Бекиќ.
Според него, поради бројот на заразени и починати, не може да се каже дека Србија се изборила со коронавирусот.
– Сега имаме околу дневно 2500 луѓе, но имаме и починати. Кога имаме починати, не можеме да кажеме дека се изборивме со короната, кажа тој, додавајќи дека затоа мора да се размисли за корона пропусници и задолжителна вакцинација.
Бекиќ, оцени дека ковид пропусницата е „првата работа“ што треба да се воведе во Србија, бидејќи, „ќе се забрза вакцинацијата, бидејќи само вакцинирани луѓе ќе можат да влезат во ресторани и кафулиња со неа“.
– Тоа ќе го отежне секојдневниот живот на луѓето и тие ќе бидат вакцинирани, посочи Бекиќ.
Тој оцени дека ако се говори за зачувување на јавното здравје, може да се размислува за задолжителна вакцинација и додаде дека ова треба да се однесува на здравствените работници.
Ново на Сител
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
