Бекамови купуваат стан во Будва од 200 квадрати: Им се допадна еден во луксузен комплекс, со спа центар
Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам отпатуваа со хеликоптер од Свети Стефан каде престојуваа последните денови, а она што е интересно е дека „ледената кралица“ во Јадранското море ниту еднаш не се избања, зошто наводно, водата и била премногу солена.
Викторија и Дејвид Бекам со децата се одмараа на Свети Стефан, а во Црна Гора планираат да купат и луксузна недвижност.
Имено, поранешниот фудбалер разгледувал апартман, од речиси 200 квадрати, лоциран на последниот кат од еден луксузен комплекс во Будва и многу му се допаднал.
-Престојуваа на Свети Стефан, но разгледуваа и поголем дел од приморјето. Посебно им се допадна Будва и се распрашуваа за инвестирање во луксузен комплекс кој има и спа центар, рече извор близок до двојката.
Црна Гора им се допадна зошто луѓето на улица не ги запираат и можат нормално да шетаат.
Бекамови имаат вила во Кенсингтон, луксузни викендички на француската ривиера и во близина на Мадрид, а кога Бекам играше за ЛА Галакси, купија и куќа во Лос Анџелес.
Ново на Сител
-
Никој не знае кога ќе профункционираат хируршките сали на Клинички
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Во просек годишно во Македонија гинат 60 лица по глава на милион жители во сообраќајни незгоди
-
Со марш во Скопје одбележан светскиот Ден на лицата со мултипла склероза
-
Земјите од Западен Балкан потрошиле 3,5 милијарди долари за антикризните мерки
-
Без субвенции од општината јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос