Бејли апелира сите партии да учествуваат на изборите

Амбасадорот на САД во земјава Џејс Бејли денеска на својот твитер профил објави порака со која ги повика сите партии да учествуваат на претстојните предвремени парламетарни избори.
- Имплементацијата на Договорот од Пржино е од суштинско значење за продлабочување на евроатлантската интеграција на Македонија, што САД силно ја поддржуваат. Оставката на премиерот е значаен чекор во тој процес, исто како и кредибилни избори. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме подготовките за изборите, вклучувајќи ја и работата на ДИК, како и реформите во сферата на медиумите и други области. Времето е кусо, ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите. Тоа е најдобриот пат за унапредување на институциите и обезбедување веродостоен процес. САД ќе го набљудува прогресот во рамки на овој процес и ќе ги направи своите проценки како што тоа ќе го сторат и ЕУ, ОБСЕ и други тела, вели амбасадорот Бејли во својата порака.
Ново на Сител
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
-

СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето
-

Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала и ракети врз Кувајт и Бахреин по американскиот напад
-

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела
-

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала
-

СП 2026: Хрватска ја победи Гана и го освои второто место во Л-групата
