-->
-->
Бејл за трансфер во ЛА: Тоа е вистинското место за мене и моето семејство
-->
Велшкиот фудбалски репрезентативец Герет Бејл смета дека направил вистински потег со трансферот во Лос Анџелес.
– Многу сум среќен со овој трансфер. Ова е вистинското место за мене и моето семејство во оваа фаза од мојата кариера и едвај чекам да почнам да работам со тимот и да се подготвам да освојувам трофеи во Лос Анџелес, изјави Бејл на официјалната веб-страница на клубот.
Триесет и двегодишниот Бејл потпиша договорот со клубот од американската МЛС лига 1+1 година.
Претходниот клуб на напаѓачот беше Реал Мадрид, кој го напушти на крајот на сезоната по завршување на договорот.
Во сезоната 2021/22, Бејл одигра само седум натпревари за Реал и постигна еден гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник