Беира Салифова, со целосно оштетен вид, го одбрани првиот дипломски труд на Брајово писмо во Македонија

Беира Салифова е доказ како големата желба, мотивираност и вложениот труд се двигатели кои водат кон успех. Како лице со целосно оштетен вид успешно го одбрани својот дипломски труд на тема „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на Ковид-19 пандемијата“ којшто претставува прв дипломски труд во земјава напишан на Брајовописмо.
Беира е родум од општина Пласница, а од 7 годишна возраст нејзина адреса на живеење и образование е интернатот и училиштето за слепи лица „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Зад себе веќе има 15 годишно работно искуство како физиотерапевт во Заводот за физикална медицина и рехабилитација.
Водена од правилото, не возможно е само она од кое ќе се откажеме, На свои 25 години, со јасна желба за успех, се запишува на додипломски студии на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ - Скопје.
Од 2018та па се до денес Димче Милановски е персонален асистент на Салифова. Тој е само еден од луѓето кој несебично се вложил во совладување на потребните обуки, како професионално знаење би го преточил во поедноставно секојдневие на лица со попречености.
До лицата со попречености, особено до младите, Беира порачува само едно:
„Не застанувајте! Можеби на нас ни треба неколку пати повеќе време и труд, но резултатите на крајот се видливи“.
Беира Салифова вели, можеби моето име и презиме ќе останат запишани како први на дипломски труд на Брајово писмо во Македонија, но верувам - не и последни. Надлежните да асистираат, лицата со оштетен вид никогаш да не се откажуваат.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
