Бегалци од Сирија и други земји влегуваат во Норвешка преку Русија
Бегалци од Сирија и некои други земји влегуваат во Норвешка преку Русија.
Норвешката полиција оваа година на граничниот премин со Русија во Стурског регистрирала 220 апликанти за азил. Овие луѓе пристигнале главно од Сирија.
Откако барањата за азил ќе им бидат регистрирани, тие со авион се префрлат во Осло.
За споредба минатата година во Стурског биле регистрирани само пет барања за азил.
Околу 70 бегалци влегле од Русија во Норвешка со велосипед, бидејќи според договорот меѓу двете земји не се дозволува границата да се минува пеш.
Светлана Ганушкина, директор на руската невладина организација за помош на бегалци Комитет за цивилна помош, изјави дека арктичката маршрута е можна, бидејќи оваа граница не е строго обезбедена и лесна е за преминување.
Сиријците без поголеми проблеми можат да добијат руска виза и да се качат на авион за Москва, каде ќе побараат помош од големата сириска дијаспора во рускиот главен град. Цената на авионскиот билет од Москва до арктичкиот град Мурманск, во близина на границата со Норвешка, изнесува околу 100 евра.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро