БЕГ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ нема парно поради дефект на внатрешната инсталација
Студентскиот дом „Стив Наумов“ во моментов нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот, информира Балкан енерџи груп (БЕГ).
– Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија. Со оглед на фактот дека се работи за Студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем, соопшти БЕГ.
Од БЕГ посочуваат дека пред почетокот на грејната сезона нивни екипи навреме извршиле проверка на топлинската станица на Студенскиот дом „Стив Наумов“, при што било констатирано дека е технички исправна за преземање на топлинска енергија од централниот систем за греење.
– Студентскиот дом „Стив Наумов“ е во групата објекти кои не ја подготвија внатрешната инсталација согласно обврските за почеток на грејната сезона, за што навреме ја информиравме јавноста, нагласуваат од БЕГ.
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
