БЕГ почнува ладни проби на грејниот систем
Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ денеска започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.
- Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки, соопштија од „Балкан енерџи“ од каде посочија на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.
За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, „Балкан енерџи“ ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.
За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.
Ново на Сител
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините