Бебе родено со јазик на возрасен човек!

Бебето Пејсли Морисон Џонсон од Јужна Дакота родено е со редок синдром поради кој има јазик како возрасен човек и поради кој не можело ниту да дише, но и да јаде.
Ова пореметување се вика Беквит Видеман синдром и малечката не може да ја затвори устата од големиот јазик.
Таа дури не можела да дише во првите недели од својот живот, па била на апарати за дишење за да не се задуши. По првата операцијана јазикот, на бебето повторно му нараснал и повторно му искачал од уста.

Пејсли морала да се храни преку перкутана ендоскопска гастростома до шестиот месец затоа што не можела да јаде на нормален начин.
Родителите на малото девоче Медисон Кинов (21) и Шенон Морисон Џонсон (23) се надевале едка нејзината уста ќе се рашири и дека ќе биде складна со јазикот, но тоа не се случило.

По втората операција Пејсли се насмевнала за прв пат и нејзинот јазик е внатре во устата. Таа сега има 16 месеци и конечно ќе може да прозбори.

- Таа потполно е ново бебе. Нејзиното лице изгледа поинаку, се смее често и малку и фали да ги каже својте први зборови. Поради нејзиниот јазик, луѓето често не застануваа на улица и прашуваа за што станува збор, истакнала конечно среќната мајка Шенон.

Докторите се надеваат дека бебето нема да има повеќе операции и сега внимаваат дали ќе има некои други последици поради нејзиниот синдром.

Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
