Видеото покажува како мајката му го дава детето на полицаецот и тој веднаш почнува да применува техники за прва помош за да почне детето пак да дише. Го проверил пулсот на бебето и почнал да го масира градниот кош во пределот на срцето. „Ајде, заплачи дете! Душо, отвори ги очите!“, му зборуваше полицаецот додека помагаше детето повторно да дише. На крајот и успеа.
Портпаролката на канцеларијата на шерифот Карли Дрејтон за Дејли Мејл изјави дека Рајли е однесена во болница и по прегледот е пуштена. Вели дека ја провериле полициските службеници и бебето е добро.
Поради својот херојски потфат, полицаецот Кимбро е награден со медал кој им се доделува на полициските службеници кои спасиле човечки живот.