-->
-->
БЏК Куп: Македонија поразена од Португалија и останува во втората група
-->
Женската тениска репрезентација на Македонија не успеа да го освои првото место на турнирот во Скопје и следната сезона повторно ќе се натпреварува во третата група од Били Кинг купот. Нашите девојки денеска на терените на Југ по голема борба беа поразени од селекцијата на Португалија за која настапуваат сестрите Жорге.
Како и што се очекуваше двете селекции освоија по една победа во сингл па мечот го решаваше дуелот во Двојки.
Победата за Македонија оствари Лина Ѓорческа додека Стоилкоска го загуби мечот.
Во дуелот во двојки први поведоа Португалките но Ѓорческа и Стоилкоска возвратија во вториот сет идентично со 6-4.
Во третиот сет противникот поведе со 5-3 но ние направивме брејк за 5-4 и тука застанавме и сестрите Жорге славеа повторно со 6-4 и се радуваа на првото место кое ги носи ранг погоре во поранешниот Фед куп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
