Баскиските сепаратисти бараат да организираат референдум за независноста на „Земјата на Баските“
Коалицијата од баскиски сепаратистички партии во регионалниот Парламент на Земјата на Баските поднесе предлог-закон за организирање референдум за независност на оваа шпанска провинција, слично на обидот на локалните власти на Каталонија, пренесоа француските медиуми.
- Баскијците единствено треба да решаваат за иднината на својата земја, изјави портпаролот на левичарската сепаратистичка коалиција „ЕХ Билду“, Хасиер Арас.
Арис изјави дека овој предлог-закон е одговор на „фронтот на одбивањето и принудата, што е формиран во Мадрид“, имајќи го предвид одбивањето на централните шпански власти да го дозволат референдумот за независност во Каталонија.
Коалицијата „ЕХ Билду“, која има 21 пратеник од вкупно 75 во регионалниот Парламент на Земјата на Баските, ја повика конзервативната сепаратистичка „Баскиска националистичка партија, која управува во провинцијата со 27 пратеници, да се приклучи кон нивната иницијатива.
Предложениот текст дозволува организирање референдум меѓу Баскијците за „политичката, економската и социјалната иднина“ на провинцијата, вклучувајќи ја и евентуалната независност, објасни Арас.
- Идејата е овој Парламент да стане суверено народно собрание, додаде тој, користејќи го изразот на каталонските сепаратисти.
Баскиската националистичка партија, меѓутоа, во моментов ја брани својата позиција на преговори со централните власти во Мадрид за добивање поширока автономија.
Ново на Сител
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80