-->
-->
Баскет Кам од Македонска Каменица победник во Супер купот
-->

Најдобрата екипа во последните неколку години во женската кошарка, Баскет Кам од Македонска Каменица триумфираше во Суперкупот откако во финалето славеше со 69-61 против Бадел 1862 во СРЦ „Кале“ .
Баскет Кам подобро го отвори натпреварот (8-2), но девојките на Бадел веднаш се вратија во игра и направија целосен пресврт со серија од 7-0 (11-10).
По воведните возбудувања следеше доминација на Баскет Кам, кој стигна до +17 во еден момент, а на паузата замина со предност од +14 (45-31).
Бадел со неверојатна серија од 16-0 успеа да направи целосен пресврт во вториот дел 47-45, по што следеше девојките на Баскет Кам го вратија водството во завршницата и стигнаа до посакуваниот триумф (69-61).
Кејтлин Метју беше најдобра кај Бадел со 25 поени, додека најефикасна во составот на Баскет Кам беше Сања Адамовска со 21 поен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
