Баша го обвини премиерот Рама за насилно сценарио,тензиите се смируваат

Лидерот на опозициската дермократска партија,Љуљзим Баша,која ја предводи обединетата албанска опозиција, за ескалирањето на протестите со насилно однесување врз објектот на Владата го обвини премиерот Еди Рама за „добро органзирано сценарио“.
-Ова е застрашувачко сценарио на Еди Рама, за да ја донесе ситуацијата до оваа точка. Протестот започна многу мирно, со врачување цвеќе на полицајците, но тоа беше сценарио на Рама, да ја предизвика оваа ситуација, изјави Баша.
Тој не посочи краен рок кога и како протестот би можел да заврши и уште еднаш истакна дека премиерот Еди Рама треба да биде изведен пред лицето на правдата.
-Луѓето имаат право да протестираат и сами да одлучат колку долго ќе останат тука. Еди Рама сега требаше да биде пред лицето на правдата, а не во Валона, бидејќи мора да даде сметка за тоа што ја остави државата во рацете на криминалот, изјави Баша за Топ чанел.
Состојбата пополека се смирува,но демонстрантите се уште се пред Владата, каде полицијата фрла солзавец. Во обезбедувањето се вклучја и припадници на Националната гарда.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
