Баша: Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност
Со обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, пред седиштето на партијата и пеење на националната химна, заврши петтиот голем протест на обединетата албанска опозиција против актуелната влада.
– Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност. Повеќе од три часа на дожд, одлучни во нашата цел дека не постои сила на земјата да не спречи во нашата цел за слободни и фер избори. Нема сила која ќе не натера да преговараме со злото. Злото ќе си оди за да ја отвори Албанија, како цела Европа. Со огромна одлучност ја продолжуваме оваа наша битка за Албанја како цела Европа, порача меѓу другото Баша.
И покрај поројниот дожд илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани останаа три часа извикувајќи „Рама оди си“.
Протестот почна од пред Влада, каде се обрати Баша, а потоа насобраната толпа продолжи со марширање кон Парламентот, Министерството за внатрешни работи, каде беа фрлани пиротехнички средства и димни бомби.
Потензично беше пред Дирекцијата на Полицискиот комесаријат во Тирана каде се бараше ослободување на 50-те притворени во саботниот, преполн со насилства, протест, кои утре треба да излезат пред судија.
Иако во помал број од почетокот на протестот, учесниците продолжија до седиштето на Демократската партија.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот