-->
-->
Барселона може да продаде 49 % од клубот за да ги реши финансиските проблеми
-->
Катарски или саудиски инвеститори би можеле да преземат дел од Барселона. Според новинарот на „El Chiringuito“, Хозе Алварез, раководството на каталонската фудбалска гордост размислува да ја смени својата правна форма.
Сега Барселона е формално непрофитна организација, во целосна сопственост на социо – членови на клубот. Каталонците размислуваат да продадат 49 % од клубот на приватен капитал за да се справат со финансиските проблеми.
Барселона ја разгледува оваа опција бидејќи ситуацијата во клубот е „тешка“, изјави Алварез.
За таа цел, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во последните неколку недели ја посети Саудиска Арабија и сега е во Катар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН