-->
-->
Барселона го сака Марез
-->
Европскиот првак Барселона се интересира за Ријад Марез и за неговите услуги може да издвои 15 милиони фунти.
Англиските медиуми објавија дека тренерот на Барселона, Луис Енрике, побарал од раководството да го донесат Алжирецот во летниот преоден рок. Енрике верува дека, Марез брзо би се вклопил во неговата тренерска филозофија.
Прашање е само дали Лестер ќе биде задоволен со споменатата сума, која Барса ја нуди како обештетување. Марез е лидер на тимот и е еден од најдобрите тројца играчи во Премиерлигата оваа сезона.
Овој фудбалер во Лестер пристигна во 2014 година од Авр за сума од само 400.000 фунти.
Марез во досегашниот тек од сезоната во Премиерлигата има учинок од 15 голови и 11 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости