Loading Video...
Фудбал
5. March 2021 - 0:29

Барди и Левенте елиминирани во полуфиналето на „Копа Дел Реј“

Екипата на Атлетик Билбао е вториот финалист во шпанскиот куп. На патот кон финалето Атлетик го елиминира составот на Леванте за кој настапува макеоднскиот репрезентативец Енес Барди. 
 
Во реванш полуфиналниот меч Атлетик по продолжението славеше победа со 2-1, откако регуларниот дел заври нерешено 1-1. 
 
Иако се започна одлично за домаќините кои поведоа со голот на Роџер Марти во 17-минута, додека во 30-тата Раул Гарсија од пенал го израмни резултатот на 1-1, како што беше и на првиот меѓусебен дуел. 
 
Во продолжението односно 112.минута, Беренгер со помош на Вукчевиќ, го совлада Анхел Фернандез и донесе победа на Атлетик со 2-1.
 
Така тимот од Билбао, за само две седмици ќе одигра два натпревари во финалето на „Копа дел Реј“. 
 
Имено, за 3 април, закажано е финалето од ланската сезона кое не се одигра поради пандемијата на Ковид-19. Во него тимот од Билбабо за противник ќе го има Реал Сосиедад.
 
A, потоа на 17 април, повторно на истиот стадион во Севилја, Атлетик Билбао за трофејот од тековната сезона ќе се бори со Барселона која пак во полуфиналната рунда на речиси ист начин како и Атлетик ја елиминира Севилја.